ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста е фрапирана дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада за кој не се знае ниту што содржи

Од:

„Република Македонија е заробена и киднапирана држава. СДСМ се однесува со државата како приватна сопственост. Се одлучува за и во името на граѓаните, без истите да бидат информирани.

Јавноста нема никакви информации за преоговорите со Грција, а детали од истите добива преку странските медиуми. Јавноста е фрапирана од последните изјави дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада за кој не се знае ниту што содржи, ниту кој е консултиран, ниту кој дал поддршка и на крај во чие име е испратен.

Додека во Грција предлог спогодбата што ја испратила тамошната влада до нашата влада е составувана од 50-тина експерти од разни области, предлог спогодба која Заев ја испратил во Атина, како што изјави владиниот портпарол е составувана од вработени во кабинетот на Заев.

Владата не кажа дали и кои експерти учествувале во изготвувањето на нашиот предлог. Кои се лицата кои го составувале предлогот? Дали Заев предлага промена на нашето име?

Заев се однесува со државата и државните интереси како со приватен имот. Уставот и законите не ги почитува, ниту ги применува.

Катастрофалните политики по државата и граѓаните се нижат една по друга, а Заев целата деструкција ја прикрива со апсење на политички противници и нивно неосновано држење во притвори.

Заев не знае како да го сврти вниманието во јавноста и ги злоупотребува институциите и правосудните органи, кои се претворени во алатка за извршување на политички прогон.

Република Македонија, денес е единствената држава на европскиот континент, која има политички затвореници. Со секој поминат ден во притвор на патриотите и чесни граѓани на кои им се монтирани неосновани обвиненија за тероризам, државата се повеќе се одалечува од ЕУ и НАТО.

Власта нема да успее да ги замолкне слободомислечките граѓани. Граѓаните ја гледаат сета деструкција на СДСМ и ќе им кажат не на овие штетни политики“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност