ВМРО-ДПМНЕ: Јанева и СЈО се срам за правосудниот систем

Од:

„Катица Јанева и СЈО немањето доволен професионален капацитет и интегритет повторно одлучија да го компензираат со недолични и неосновани напади и притисоци врз судот.

Наместо да ја вршат професионално својата работа за која си делат астрономско високи плати од буџетот, Катица Јанева и СЈО цело време работат како приврзоци на аболицираниот Зоран Заев и СДСМ во заштита на нивниот криминал.

Јанева и СЈО постојано се обидуваат да измислуваат и создаваат спектакли кои ќе им бидат од корист на фабриките за афери на СДСМ и нивната црна пропаганда.

Јанева и СЈО се срам за правосудниот систем. СЈО се заортачи со аболицираниот криминалец Зоран Заев и работи по негов диктат, притиска судии да ги вршат валканите нарачки на СДСМ, а без да ги види доказите на слобода пушта криминалци како Верушевски кои и нанеле огромна штета на Македонија и македонските граѓани.

На судиите кои работат по закон, а не по диктат на двоецот Заев/СЈО за изигрување на правдата, им виси заканата од генерален реизбор која им ја упати Заев. Јанева се придружи со манипулативните јавни прозивки обидувајќи се да го засили притисокот врз судиите да ги исполнуваат нарачките од СДСМ.

Јанева и СЈО без трошка срам застанаа на страна на криминалот и го аболицираа по втор пат криминалецот Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува судиите да не подлегнуваат на притисоците кои се резултат на фрустрации. Со повлекувањето на предметот „Пуч“ и аболицијата на криминалецот Заев, Катица Јанева ја поништи и основната причина за постоењето на СЈО“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски