ВМРО-ДПМНЕ: Изминатите три години Русковска работеше исклучиво по насоките на Заев

Од:

„Вчера македонскиот народ маршираше за право и правда. Mаршираше против неправдата и против се што Вилма Русковска направи изминатите 3 години

Изминатите три години Русковска работеше исклучиво по насоките на Зоран Заев. Невини луѓе сместуваше во затвор само заради тоа што први го кренаа гласот против неправдата која ја донесе нејзиниот шеф. Наместо да покрене обвиненија против главата на октоподот, таа служеше да го амнестира криминалот на Зоран Заев и неговата рекетарска банда“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на обвинителката Вилма Русковска.

„Наместо со право, Русковска се бавеше со политика. Впрочем и самата се пофали дека присуствувала на протести организирани од СДСМ во рекетарската 1 ТВ. Во судница сега прави се само да не се открие кој е главата на октоподот. Нејзина единствена мисија во случајот „Рекет“ е имињата на Зоран и Вице Заев да не се слушнат во судница, да не бидат повикани на распит и да не завршат зад решетки каде впрочем и одамна припаѓаат.

Правдата можеби е спора, но не е недостижна. По 12 април Македонија повторно ќе биде правна држава, ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои наместо да го гонат се ставија во одбрана на криминалот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите