ВМРО-ДПМНЕ: Изминатата ноќ Куманово беше најзагаден во Европа

Од:

„Ситуацијата во Куманово е алармантна. Изминатата ноќ, градот беше најзагаден во цела Европа.

ПМ 10 честичките изминатата ноќ достигнаа дури 1.000 милиграми на метар кубен. Загаденоста е 10 пати повеќе од дозволената. Ситуацијата е сериозна.

Благодарение на СДСМ, кои повеќе од 27 години владеат со Куманово, градот секојдневно умира од тивка еколошка катастрофа од загаденост и водење негрижа за градот. Жално.

Како последица на рекордното загадување, со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти.

Додека карциномот тивко ги убива кумановчани, СДСМ нема никаков план и не презема мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат кумановчани секојдневно да се гушат.

Ни трага ни глас од најавената гасификација на градот од страна на СДСМ. Единствено гледаме рушење рекорди со цената на гасот во Струмица, каде што Заев го набавува под сомнителни околности и суми.

Ги нема никаде ниту професионалните платеници од еколошките НВО на СДСМ и Сорос, кои што се активираат само по нарачка. Тие со својот лицемерен однос криејќи се, избегнуваат да преземат било што во врска со заштитата на здравјето на кумановчани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик