ВМРО-ДПМНЕ: Исписите СОНК убијци, следат по заплашувањата, притисоците и заканите на власта кон наставниците

Од:

Вандализираната градинка на која некој напишал СОНК убијци уследи веднаш после притисоците, заканите и заплашувањата на власта кон вработените во образованието кои штрајкуваат за повисоки плати велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вработените во образованието не само што имаат уставно загарантирано право на штрајк, туку имаат и полн легитимитет да бараат повисоки плати согласно колективниот договор. Стандардот на граѓаните е во слободен пад. Само во март месец инфлацијата изнесува 8,8%, а во рок од една година сите основни трошоци за живот се поскапени од 30 до 110%. Власта наместо да прави притисоци и да се заканува, треба на просветните работници да им одговори како може да дава 1 милион евра за криминални физибилити студии, 2,5 милиони евра за службени возила, 2 милиони евра за кафиња, цвеќиња, жардињери и хотелски услуги, а нема да им ги покачи платите кои се едвај повисоки од минималната плата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче