ВМРО-ДПМНЕ: Информациите за одложување на локалните избори се неточни

Од:

Информациите објавени во јавноста за можен договор за предвремени парламентарни избори и за одложување на локалните избори се шпекулации и апсолутно неточни, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција.

Ваквите информации, оценува партијата, се во функција на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да добие во време заради што ги залажува своите коалициски партии, членството и меѓународната заедница.

– Локални избори ќе се одржат во со Устав и закон предвидениот термин 24 март 2013 година, а рокот за поднесување на партиските кандидатури завршува на 16 февруари 2013. Сите останати шпекулации за разни можности и алтернативи се во функција на гореспоменатото за Бранко Црвенковски и се апсолутно неточни, потенцира ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски