ВМРО-ДПМНЕ: Имаме конкретна стратегија за унапредување на студенскиот стандард

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има конкретна стратегија за унапредувањето на студентскиот стандард. И токму континуирана реализација и остварување на ветеното е причина за нервозата која владее во СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на потпретседателот на Социјалдемократската младина.

Во реакцијата се посочува дека ниту една прес конференција и прикажување на стари фотографии за условите во домовите, не може да го побие фактот дека Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ е единствената која изградила нови современи сместувачки капацитети, во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“, за што се издвоени 103 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека е започна и темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ која се реализира етапно и во согласност со предвидената динамика, а планирано е да се изврши и комплетна замена на инвентарот, за што, во тек е постапка за избор на компанија, со рок за доставување на понудите до 30 мај.

Во реакцијата се истакнува дека е извршена и набавка на нови лифтови во државните студентски домови за што се инвестирани 15 милиони денари, а интензивни се и подготовките за набавка на перални и сушални за домовите.

– Најважно е што донесовме одлука за изградба на три целосно нови студентски домови во земјата. И ова наше ветување почнува да се остварува. За два од нив, во вредност од 5 милиони евра – еден во Скопје на местото на Медицинар и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет, во тек е евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе се направи избор на најповолните понудувачи, односно идни изведувачи на градежните работи. Така што, во текот на ова лето ќе започнат и активностите на терен, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Осврнувајќи се на студенскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека се отворени два нови државни универзитети, 25 нови факултети, неколкукратно се намалените партиципации за студирање…

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност