ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се правдаат: парите што си ги поделија биле помалку од лани

Од:

Откако за време на заеднички изгласаа да се одмрзнат парите наменети за политичките партии, запрени поради кризата со коронавирусот, што наиде на осуди во јавноста, пратеници од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието нагласуваа дека Законот за финансирање на политички партии предвидува намалување на средствата по 30 отсто за оваа и следната година.

Пратеничката на владејачката партија, Фаница Николоска, истакна дека ако се спореди со 2019 година, токму поради економската криза предизвикана од коронавирусот има намалување со 30 отсто.

-Тоа е со консензус на сите политички партии освен од една која што беше против тоа намалување предложено од другите политички партии. Секако СДСМ како одговорна политичка партија и во изминатиот период и Владата предводена од СДСМ покажа во духот на солидарноста дека е секогаш спремна и Владата да им помогне на граѓаните со предвидување финансиски средства со кој што беа опфатени граѓаните од најранливите категории со изминатите три пакети мерки, сега на ред е и четвртиот пакет мерки, рече Николоска.

Таа потсети дека СДСМ како политичка партија и дел од функционерите во изминатиот период донирале средства таму каде што биле најпотребни, но исто така нагласи дека доколку има потреба тие ќе донираат средства за да се помогне и во фондот кој што е отворен за обезбедување на финансиски средства за справување со коронавирусот.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека средствата за политичките партии се намалени и оти опозициските пратеници, онака како што најавиле, учествувале при носењето на законите поврзани со ковид – кризата.

-Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, рековме дека ќе учествуваме активно при донесување на законите за намалување на кризата, како здравствена така економска. Во тие решенија беше законското решение за социјално-загрозените категории, би рекол, и сите оние категории на граѓани, кои што спаѓаат во неа а не се мала бројка. Во тоа законско решение беше и исплаќањето на субвенциите на лозаропроизводителите кои ги очекуваат овие средства во однос на лошата земјоделска односно лоша година која што ја имаа. Меѓу другите, тука беше и законското решение за финансирање на политичките партии. Практично со новото законско решение го намаливме финансирањето на политичките партии, кое што законски е уредено на 70 проценти, за оваа и наредната година или во суштина за 60 проценти намалување на финансирањето на политичките партии во наредните две години, имајќи ја во предвид економската, здравстената криза и она што значи работа на државата во наредниот период, рече Мицески.

Пратениците на ВМРО-СПМНЕ според него, немаат намера да ги повлечат амандманите за Деловникот, и со тоа да го одблокираат носењето на дополнувањето, што би значело и можност за онлајн изјаснување на пратеници со Ковид-19 или во самоизолација.

-Не планираме да ги повлечеме амандманите затоа што во процесот „Жан Моне“ ние разговаравме за промена на Деловникот, ја разбираме сложеноста и комплексноста на состојбата меѓутоа 115 пратеници се далеку од доволно за да може Собранието да работи и со физичко присуство, истакна Мицески одговарајќи на новинарско прашање. .

Сведоци сме, додаде тој, дека во саботата седницата помина во најдобар ред имајќи во предвид дека имаше дијалог и заедничка согласност да поминат законите за поддршка односно за субвенционирање на граѓаните. Мицески посочи на отсуство на дијалог и транспарентност на власта по однос на законските решенија.

-Сите законски решенија кои се поврзани со помош и поддршка на граѓаните, економијата и стопанството, како што рековме ќе бидат поддржани од опозицијата. Меѓутоа, закони кои сакаат да се протнат на мала врата и кои немаат допирна точка со овие состојби, потребно е да бидат издискутирани, поразговарани пред да се најдат на собраниска седница. Деловникот е еден од тие закони кои сакаат на сила да влезе во Собранието. Секое законско решение кое на тој начин, насилнички ќе се проба да се вметне во Собранието ќе го доживее истата судбина како што ја доживеа и Деловникот, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоска, пак, од СДСМ рече дека тие се отворени за соработка и за разговори, бидејќи на државата и е потребен целосно функционален парламент.

-Сведоци сме дека ВМРО-ДПМНЕ со апсурдни, со бесмислени, смешни амандмани го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Деловникот. Веруваме дека ќе преовлада свеста и кај нив и ќе се удостојат овие измени да ги донесеме затоа што се неопходни и за државата и за граѓаните, рече Николоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Лефков: СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која се бори за опстанок, Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ од свои лукративни причини го уништи и колабира Скопје