ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за името

Од:

Продолжуваат препукувањата на релација ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ за името.

„Изјавата на Црвенковски дека СДСМ прифаќа било какво решение што не задира во идентитетот, за Груевски е лицемерна.Црвенковски во 2005-тата кога го добивме предлогот од Нимиц за промена на името во Северна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ единствено реагираше и не се согласи со тој предлог. Но, СДСМ го прогласи за дотогаш најдобар предлог и го прифати и имавме жесток напад зошто ние не го прифативме најдобриот можен предлог што ни бил даден дотогаш. Така што на тој начин ја начна и ја загрози позицијата на Македонија што јавно прифатија еден прилично проблематичен предлог во однос на идентитет. Сега во улога на претседател на СДСМ како опозициска партија настапува прилично лицемерно кажувајќи го ова кога самиот тој пред шест, седум години прифати нешто што беше проблематично за идентитетот“, изјави претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Апелираме до премиерот Никола Груевски да престане да го инструментализира и злоупотребува спорот со името за дневно политички цели“, реагираа од СДСМ по изјавата на премиерот Никола Груевски дека Бранко Црвенковски прифатил решение од медијаторот Метју Нимиц со кое бил доведен во прашање идентитетот.

-Еве ги фактите: Предлогот на медијаторот Метју Нимиц во 2005 година беше далеку подобар од предлогот кој Никола Груевски го прифати пред самитот на НАТО во Букурешт (Република Македонија – Скопје). Со предлогот од 2005 година на медијаторот Метју Нимиц се гарантираше зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик и култура и поради тоа беше веднаш отфрлен од страна на Грција, која за овој предлог го обвини Нимиц дека во спорот со името заземал страна – соопштија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски