ВМРО-ДПМНЕ: И ова второ полугодие учениците го започнаа без учебници, за какви инвестиции во образованието зборуваат од СДС?

Од:

На партиските флоскули веќе ниту во СДС не веруваат. И ова второ полугодие учениците го започнаа без учебници, за какви инвестиции во образованието зборува Санела Шкријељ велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната изјава на пратеничката
Санела Шкријељ.

– Пратеничката Санела Шкријељ ги повтори лажни партиски памфлети дека тие инвестирале во образованието и дека допрва во 2023 година по 6 катастрофални години ќе инвестираат во капитални проекти во државава. Инвестициите на СДС во образованието значат учениците да немаат учебници. Инвестиции на СДС значат порака од министер дека учениците коишто не добиле учебници или оние коишто добиле учебници со грешки, ќе ги добијат „на почеток на второто полугодие“. Второто полугодие почна. Инвестициите се гледаат во тоа што учениците не добија свидетелства на крајот на годината. Инвестиции од СДС во образованието е предмет „Работа со компјутери“ да се одвива без компјутери. Инвестиции значи да нема греење, да нема хигиенски средства. Ги нема дигиталните учебници кои ги ветија, нема опрема, смарт табли и таблети, нема нагледни средства. Инвестициите на СДС во образованието последните години се гледа во најниските места на тестирања на знаењата на ПИСА.Двете факултетски згради во кругот на УКИМ пропаѓаат, студентските домови се распаѓаат. Толку од инвестициите во образованието на СДС. Некој нека и каже на пратеничката дека не треба да се брука, не е ученичка, или можеби е, ама на лагите на СДС се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ