ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата монтира случаи по примерот на бившиот комунистички режим

Од:

„Хунтата ги гази основните човекови права. Власта во монтиран случај обвинува десетици македонски патриоти за измислено дело тероризам. Монтираниот политички прогон има за цел да влее страв кај секој еден македонец кој си ја сака сопствената држава.

Хунтата монтира случаи по примерот на бившиот комунистички режим, без никакви докази и со целосно конструирани тези. Невини луѓе лежат во притвор само затоа што си ја сакале државата, а вистински криминалци, се амнестираат, се пуштаат на слобода и им се повторуваат постапките, и сето тоа под палката на партиското судство.

Судството како и останатите институции е целосно заробено од хунтата. Судовите не одлучуваат по закон, туку по волјата на Зоран Заев. Судството и останатите институции на државата се киднапирани од хунтата со цел преку нив да се втерува страв кај народот, за истиот да се држи исплашен.

Република Македонија е демократска држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на правната држава, која е основен симбол на секоја демократска држава и право на граѓаните. Граѓаните во ослободена Република Македонија, граѓаните ќе живеат во држава во која владее правото, а не насилието и безредието.

ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет