ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски избрале фирма со искуство од шиење долна облека, да врши надзор врз изградбата на коридорите

Од:

Груби и Ковачевски уверуваа дека странски експерти ќе го водат надзорот, а се испостави дека македонските контроверзни фирми „Електра Солушн“ на Ампови и „Евро консалтинг“ (на криминалецот баран со потерница Бранимир Димитријевиќ) ќе добијат 70% од мрсниот тендер. Односно од 22 милиони евра „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта уверуваше дека компаниите се реномирани, а „Електра Солушн“ добила лиценца за надзор во време пред истекот на рокот на јавната набавка и од долгогодишно искуство единствено може да се пофали со шиење на долна облека. Груби и екипата избрале фирма за долна облека да врши надзор на изградба на автопати во Македонија. Тоа доволно говори само по себе. Дополнително, наместо мноштво реномираните странски експерти за надзор се сведоа само на 5 лица, од кои 4 од регионот, а дел од нив и со македонско потекло. Секоја лага им падна во вода исто како што лажеа за новиот менаџмент на „Ептиса“, па се испостави дека е компанија со непроменет кинески менаџмент од 2016-та, лажеа за реномето, а се испостави дека за истата влада на СДС и ДУИ дале лоша референца за нив и препорака да не се соработува, лажеа дека Бранимир Димитријевиќ нема никаква врска со сопственоста на една од фирмите во конзорциумот, па се испостави дека компанијата е уште поврзана со него и уште еден тон лаги од оваа власт на Ковачевски и Груби. Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да бега. Ислам Абази нека не се крие и нека покрене постапка. Ова смрди – корне на корупција и наместен тендер, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Тендери без крај, енормно зголемена вредност, 13 експерти платени колку 92 работници – ЦГК објави три спорни случаи

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски