ВМРО-ДПМНЕ: Грижата на СДСМ за медиумските права и слободи е лажна

Од:

Грижата на СДСМ за медиумските права и слободи е лажна. Медиуми и новинари добиваат тужби и отворени закани од високи функционери на власта, а јавноста е сведок на најголемиот досега политичко-медиумско-рекетарски октопод, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Бетиане Китев од СДСМ.

„Доколку Заев беше барем малку заинтересиран за интегритетот на медиумите ќе го разрешеше заканувачот Рашковски, заедно со Кики и Фрики кои се посочени како соучесници на еден сопственик на медиум.

СДСМ непотребно креира нервоза во јавноста по однос на прашањето за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

Во текот на денешниот ден, како резултат на консултации со повеќе асоцијации и здруженија, беше соопштено дека во наредните неколку денови ќе биде закажана седницата на Комисијата за избори и именување, која ќе отпочне постапка за избор на членови на на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Програмскиот совет на МРТ. Очајничките обиди на СДСМ за дефокус на јавноста се без предметни.

Постапката ќе започне, но проблемите на граѓаните остануваат. Криминалот и корупцијата и натаму цветаат, секој ден граѓаните се сведоци на некоја нова афера и скандал, во кои се вмешани луѓе блиски до власта како и високи државни и партиски функционери блиски до власта.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ