ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не му се плашат на Зоран Заев

Од:

„Граѓаните на Република Македонија му се спротиставија на Зоран Заев и неговите антидржавни политики.

Граѓаните вчера покажаа дека не му се плашат на Зоран Заев и неговиот криминален картел и дека мислат дека треба да се стави крај на неговото уништување на државата.

Граѓаните кажаа НЕ за дното кон кое не води Заев, НЕ за економската стагнација, НЕ за уништувањето на државните интереси, НЕ за неработењето, безнадежноста и неспособноста.

Република Македонија заслужува просперитетна иднина. Оваа ненародна власт мора да си замине.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, кланот Заеви по цена на една гарсониера го купи струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, влезе во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.

Заев и криминалниот картел кој го води ја узурпираа државата и мора да си заминат. Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат квалитетен живот и сигурна иднина за нив и нивните деца.

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

СДСМ не смее повеќе да ја држи целата држава во заробеништво заради бизнис интересот на неколку Заеви, Анѓушеви или семејства на функционери во врвот на власта. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците