• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори 

by А1он08/02/2019 - 09:5808/02/2019 - 10:54288
Share0

Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори, никој повеќе во државата не може да го игнорира расипништвото и арамилакот на власта, потребно е СДСМ да си замине, велат преку соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Власта која за само една година ја задолжи државата и идните генерации за нови 450 милиони евра, а притоа нема  ниту една позначајна капитална инвестиција, не може да ја води Република Македонија напред, туку само назад. СДСМ за само една години со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5,2 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Власта треба да одговори на што се потрошени овие пари, кога нивото на реализација на капитални инвестиции е на рекордно најниско ниво од очајни 65%? Лудилото не запира тука.

Власта која ја задолжи државата за неверојатни 450 милиони евра за една година без да направи било што за државата, сега лаже и вели дека ќе изгради нов Клинички центар за 480 милиони евра.

Власта која поништи веќе готов проект со обезбедени пари за Клинички центар кој ќе ја чинеше државата 4 пати помалку или 120 милиони евра, сега манипулира со 4 пати повисока сума, за проект чиј старт е неизвесен.

Доколку СДСМ не го прекинеше проектот за изградба на ВМРО-ДПМНЕ до сега истиот ќе беше до половина реализиран, а неговото пуштање во употреба ќе беше за две години од сега. Поради СДСМ се ова е прекинато и нов Клинички нема, а тешко дека во догледно време и ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека, СДСМ направила преголеми штети за државата и затоа потребни се итни и неодложно предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

predvremeni parlamentarni izboripretsedatelski izvorivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он24/01/2026 - 13:3924/01/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он24/01/2026 - 12:4424/01/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен