ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Дамјановски да одговори зошто по улиците има смет и депонии

Од:

ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес-конференција во Куманово го повика градоначалникот Зоран Дамјановски да одговори зошто по улиците на градот има депонии и смет за кои е надлежно комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Советничката Ивана Јакимовска рече дека депониите не само што претставуваат лоша слика за градот, туку се и потенцијален извор на заразни болести.

– Дали е вистина дека поради лошата финансиска состојба на претпријатието доцнат и месечните примања на вработените, а полните контејнери се одраз на нивниот револт или пак и Вие во духот на „Шарената револуција“ го оставивте градот со вакво шаренило – смет на сите страни, полни контејнери и мини депонии, а жителите на Куманово да стравуваат од различни зарази и болести, рече Јакимовска, прашувајќи го градоначалникот Дамјановски.

Нагласувајќи дека биле поттикнати од граѓаните за иницирање на овој проблем, Јакимовска рече дека Куманово е на работ на еколошка катастофа и го повика градоначалникот да го реши проблемот, наместо да се фали со спроведени проекти.

– За жал, големата посветеност кон чистата и здравата животна средина се сведе на прецизна агилност за наплата на ѓубретарина, рече Јакимовска.

На прес-конференцијата Јакимовска се осврна и на општинската администрација која, како што рече, е главен виновник за урбанистичкиот и сообраќајниот хаос. Според Јакимовска, администрацијата треба да биде поригорозна во спроведувањето на прописите од областа на комуналната дејност при што како пример наведе дека во централното градско подрачје се почесто несовесни инвеститори и изведувачи содаваат мини депонии од градежен отпад и поминуваат неказнето.

– Време е за вистинско, а не за шарено будење зошто само така ќе има одговорна политика која ќе им служи на граѓаните, рече Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност