ВМРО-ДПМНЕ: Голема лага се ветувањата на Златко Марин за заштита на животната средина во Аеродром

Од:

„Златко Марин и СДС манипулираат со граѓаните на Аеродром. СДС веќе 6 месеци откако се на власт не направи ништо за заштита на животната средина во општина Аеродром, а најавуваното од Марин е само евтин популизам и голема лага.

Додека СДС и Марин сеат ветер и магла, загадувањето на воздухот во Скопје и Аеродром е на рекордно ниво, за што владата повеќе од 6 месеци со прст не мрднува да го реши или намали.

СДС и Марин ги манипулираат граѓаните. Средствата кои општина Аеродром под водство на Марин ги одвојува за заштита на животната средина не се ни одблизу колку што ВМРО-ДПМНЕ има одвоено во изминатиов период додека ја раководеше општината.

Имено ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период во општина Аеродром има преземено бројни мерки за заштита на животната средина, при што има направено повеќе од 10 паркови со околу 150.000 м2 зелени површини и над 50.000 дрвни садници.

Дополнително во времето на ВМРО-ДПМНЕ изградени се и над 50 километри канализациона мрежа во руралниот дел од општината, со што во историјата беа испратени септичките јами, кои се јавуваат како најголем загадувач на почвата, проект кој во финансиска смисла е 100 пати повеќе од тоа што планира сегашното раководство на општината на чело со Марин. Ова на дело го покажува евтиното душегрижништво на СДС, кои им е побитно да продаваат евтин популизам наместо да сработат нешто реално за граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица