ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да престане со притисоци врз судската власт

Од:

„Падот на оваа влада е се поочигледен. Поразот на СДСМ се ближи.

Поради тоа Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста.

За да се оствари тоа, Уставниот суд ќе создаде пракса, Пендаровски ќе реализира.

Одлуката на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да престане со притисоци врз судската власт.

ВМРО-ДПМНЕ е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он