ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите за 36% и за 6 години исплати 670.000.000 евра субвенции

Од:

„Се прашуваме дали Вие навистина живеете во реалноста, зарем не ги слушате молбите на Здружението на Пензионери, на Сојузот на Синдикатите на Македонија кои две недели ве молат да не го блокирате покачувањето на пензиите. Што толку Ви згрешиле пензионерите што не дозволувате да го добијаат она што го заслужиле? Можеби болката е што Вие им ги намаливте пензиите за 8 проценти и им скративте две пензии. Зарем до Вас не допреа апелите на земјоделците да не гласате против субвенциите за нив? Тие средства за нив значат нивна егзистенција.

– Почитувани Социјалдемократи, крајно време е да престанете да ги злоупотребувате бранителите, тие добро знаат кој ги б одреше од грчките плажи, а кој беше рамо до рамо со нив на фронтот.

– Колега Сугарески, за каков дуел зборувате кога губите 7 последователни дуели со народот. Секој сериозен политичар по вториот пораз поднесува оставка, само Вие, Бранко Црвенкоски и другите членови на новата коалиција со Љубчо Ѓорѓиевски не го сторивте тоа.

– Да ве потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите за 36% и за 6 години исплати 670.000.000 евра субвенции, наспрема вашите бедни 5 милиони евра“, одговараат ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп, на пресот на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?