ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Николовски зема кеш без да издава фискални, а УЈП трет ден молчи и не реагира

Од:

„Сања Лукаревска трет ден молчи и не реагира за скандалот со кеш наплатите на фирмата на братот на Љупчо Николовски „Лариком Импекс“, која зема кеш без да издава фискални сметки, што е целосно нелегално и подлежи на казна.

Но казна е мисловен поим кога станува збор за фирми од власта. Секој друг граѓанин да го направеше делото кое го направил братот на Николовски, до сега ќе го посетеа сите инспекции, ќе платеше казни, и ќе беше затворен“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Сања Лукаревска молчи и мисли дека случајот со нелегалната наплата на Лариком Импекс ќе се заборави? Дали институциите под раководство на СДСМ свесно молчат? Тие треба да знаат дека со нереагирање прават криминал, за кој ќе одговараат.

А Љупчо Николовски наместо да се крие во Влада, да покаже доблест и да си даде оставка, како институциите ќе можат да фо истражат случајот до крај, без да трпат притисоци од Николовски.

Истовремено ја повикуваме и ДКСК веднаш да отвори случај против Николовски и да се утврди дали „Лариком Импекс“ работела нелегално заради политичка заштита од Љупчо Николовски“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција