ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

Од:

„Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи? Веќе подолг временски период, Филипче, Заев и СДС, молчат и не одговараат на нашите прашања поврзани со Дубаи. Дали молкот е потврда, ги прашуваме јавно СДС? Дали Заев гради згради во Дубаи кои се над 50 ката? Од каде му се тие пари на Заев?“ прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Велат „Во контекст на ова, се поставува и прашањето, дали Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа и е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот на неговиот ментор Заев?“.

„Дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи? На кои начин ги стекнале и од каде им се парите? Дали Филипче и Заев ќе ги демантираат нашите сомнежи? Филипче, Заев и СДС, ниту демантираат ниту реагираат на нашите прашања. Откако години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, сега тие пари ги вложуваат во приватни бизниси. Додека глумеа дека ја спасуваа Македонија, тие се спасувале самите себеси и нивните милиони“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?