ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не бара нови мерки, оти вирусот бил раширен, пред десет дена зборуваше спротивно

Од:

„Филипче и здравствените власти не знаат кај тераат. Изгубени се, а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи и своето здравје.

Скандалозна е изјавата на Филипче дека не се потребни нови мерки бидејќи вирусот е широко распространет. Според нивната логика кај заболеле стотина илјади, нека заболат уште толку, само затоа што вирусот е широко распространет. Па суштината на мерките се да се спречи или намали колку што може ширењето на вирусот“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е безобразие и врв на неодговорноста на власта.

Пред десет дена Филипче убедуваше дека мерките кои се преземени и давале резултати, а денес вели дека нема никаква контрола над пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега кажува дека власта нема никаква стратегија и презема мерки кои никакви ефекти. Нема ни протоколи, ни план што се прави и како се прави и затоа состојбите се катастрофични. Македонија е во врвот по смртност и на дното по вакцинација во светски рамки“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски