ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја претвори Македонија во гробница, за ова ќе одговара

Од:

„Секое деноноќие Македонија брои по неколку десеттина починати. Вкупната бројка на починати е речиси 4.600 граѓани.

За разлика од скоро двамилионска Македонија која брои по неколку десеттина починати за 24 часа, шеесетмилионска Велика Британија за едно деноноќие има едноцифрена бројка на починати, Израел со осум милиони жители исто бележи едноцифрена бројка на починати.

Македонија има вакцинирано само околу еден процент од населението“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„По број на вакцинирани убедливо водат Сејшелите со повеќе од 60 проценти вакцинирано население. Околу 60 проценти од населението вакцинирано е и во Израел.

Доколку Филипче наместо провизии, трчаше по вакцини немаше да бидеме црна дупка во светот!

Филипче ја претвори Македонија во гробница!

Затоа, Филипче оставка веднаш!

Филипче ќе одговара за сето зло што им го нанесе на граѓаните!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски