ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев во исто време во Штип каде има 502 активно заразени, прогласуваат криза и туркаат избори

Од:

„Венко Филипче и Зоран Заев во исто време кога прогласуваат криза во Штип каде има 502 активно заразени туркаат избори и подготвуваат корона кланица.

На Филипче и Заев поважни им се избори во Штип и Пласница, а не здравјето на граѓаните.

Филипче зави во црно во последното деноноќие според статистиката на министерството за здравство 26 семејства. Тие семејства загубија мајки, татковци, браќа, сестри“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Погрешни проценки, задоцнети и несоодветни мерки. Македонија поради Филипче и Заев руши црни рекорди. Македонија поради Филипче и Заев котира високо на регионалните, европските, како и светските листи по број на починати, а е на дното по направени тестови. За ова говорат фактите.

Македонија е на 8-ма држава во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители.

Македонија е на 16-то место во Европа, а на 31-во место во светот по бројот на заразени на милион жители, со бројка од 24.007 вкупен број на заболени на милион жители.

Македонија е на 107-мо место во светот, а на 37-мо место во Европа во број на направени тестови. По број на направени тестови на милион жители во светот Македонија е на 86-то место, додека во Европа на 42-ро место, од вкупно 48 земји во Европа од статистиката на Ворлдометар, со бројка од направени 144.095 тестови на милион жители.

Наместо Филипче да прикрива случаи кога на лица поради тоа што не им е даден кислород починале, наместо да ги прикрива сопартијците доктори, менаџери одговорни за вакви случаи, треба да замине од функцијата.

Време е за одговорност! Време е за оставка на Филипче!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски