ВМРО-ДПМНЕ: Филипче дозволи родилка да биде осакатена, оставка веднаш

Од:

„Венко Филипче воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните. Единствено му е важно да си ги реализира своите и партиските интереси, а не да си ја заработи платата. На родилка и беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче само вели „стигна извештајот од Лекарската комора не нашле пропуст при стручниот надзор“. И толку, понатаму Филипче ништо не го интересира.

Филипче вели дека му треба време да размисли за разрешување на докторот директор?! Какво размислување, тој доктор директор осакатил жена и и извадил три здрави органи.

Точно дека во ваков случај постапуваат надлежните институции, но Филипче мора да делува, мора да побара политичка одговорност. Делото го направил доктор кој е воедно директор на Болницата во Струга.

Никој не смее така да постапува, најмалку директор, ама министерот мора да делува. Кога министерот не делува, и тој треба да сноси одговорност!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски