ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата на Заев била заразена, а тој не бил во изолација, колку животи загрозил?

Од:

„Секој ден Македонија се повеќе се искачува на врвот на земји во светот по смртност од ковид вирусот на милион жители, поради неспособноста на Заев, Филипче и Стојанче.

Патем слушаме дека цела фамилија на Зоран Заев била заразена, а не слушнавме ниту еднаш дека поради контакти со нив Заев бил во изолација или карантин. Тоа отвора сомнеж дека тој не ги почитува протоколите и евентуално загрозувал нечие здравје или животи. Ете затоа Македонија е жариште во Европа и светот, бидејќи власта не само што не помага, туку е и лош пример во справувањето со епидемијата“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.161 нови заразени и за жал 26 нови починати. Вкупниот број на заразени се искачи на 72.044 лица и 2077 вкупно починати. Со овие бројки Македонија е црн рекордер во Европа и регионот.

Само овие 100 и кусур дена влада на Заев има речиси 1500 починати што е катастрофа. Заев, Филипче и Стојанче убедуваат дека се е под контрола, дека пикот поминал, дека нема потреба од нови мерки, а во реалноста секој ден илјадници заболуваат, а десетици умираат поради вирусот.

Затоа најдобра мерка за заштита на граѓаните ќе биде оставката на власта на чело со Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски