ВМРО-ДПМНЕ: Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да преземат

Од:

„Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат додека народот умира.

Да имаа грам одговорност денес ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа на нацијата.

Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да чека донации до сега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне.
Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат.

Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски.

Македонија се уште е на врвот на листата на земји по починати од КОВИД-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време.

Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, а уште помалку ќе извршат вакцинација. Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години.

Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од Ковид-19“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски