А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното, народните пари се трошеле недомаќински

by А1он18/09/2024 - 08:56296
Share0

Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното. Последен во низата скандали беше отпишување на долгот во висина од 14 милиони евра, а долгот го отпиша претходното раководство. Долгот беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ. Што правело претходното раководство, каде завршувале парите на граѓаните? Одговорот е едноставен, парите оделе за донации и спонзорства. За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило, односно донирало и спонзорирало 22.712.500 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Станува збор за следни донации и спонзорства. Прво, Фитнес клуб Динамик Скопје добил 200.000,00 денари. Второ, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво Скопје. Трето, донација или спонзорство има и на име Шкендија-Арачиново со исплата во март годинава во износ од 300.000 денари. Оттука се поставуваат низа на прашања зошто АД МЕПСО донирало кај стигне, која била целта да спонзорира во фитнес клубови, фудбалски клубови или пак невладини организации. Објаснување и цел на донациите нема. АД МЕПСО има две клучни улоги, а тоа се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. АД МЕПСО треба да обезбеди оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците. Поради фактот што Македонија немаше стабилен енергетски систем, имаше покачување на цените на електричната енергија или бевме ограбена држава.
Заклучокот е дека народните пари се трошеле недомаќински, односно за донации, а не за стабилен енергетски систем. Ова е резултат на расипничкото владеење на СДС и ДУИ. Денес продолжуваме со нови информации за тоа каде АД МЕПСО донирало! За секое незаконско работење одговорност мора да има – велат од партијата.

mepsovmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 13:17

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 12:57

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 09:18

Нерешен имот, доцнење на инвестиции и спорни вработувања во МЕПСО

Катерина Ѓуровски25/06/2026 - 10:2725/06/2026 - 13:36

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

Горан Наумовски20/06/2026 - 13:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто