ВМРО-ДПМНЕ: Екстерното тестирање ќе даде резултати на долг рок

Од:

СДСМ се обидува да постигне политички поени напаѓајќи го проектот за екстерно тестирање. Проектот на долг рок ќе даде резултати, односно пообразувана младина, повеќе знаење и умешност, оценува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

Партијата нагласува дека екстерното тестирање претставува една од најкрупните реформи во образовниот систем која ќе помогне во унапредувањето на образованието и неговото доближување до европските стандарди.

– СДСМ во ниту една своја влада не успеа да смогне сили да спроведе ваква реформа или било кој друг чекор кон унапредување во образованието. Во тој период немаше ниту бесплатни учебници, ниту задолжително средно образование, платите и достоинството на просветните работници беа сведени на минимум, а воопшто не се ни работеше за поголема достапност на високото образование. Тоа што е постигнато изминатите години јасно покажува дека СДСМ во своите мандати не реализирала ни процент од тоа што денес се прави во сферата на образованието, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со спроведување и континуирана надградба и усовршување на процесот на екстерното тестирање.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче