ВМРО-ДПМНЕ: Една година по 27 април, СДСМ профитира, државата и граѓаните секојдневно губат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференциите на Зоран Заев и Талат Џафери за настаните од 27 април минатата година.

„Една година после 27-ми април, ситуацијата е следна.

СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно. Животот дојде само за криминалниот картел во власта. Се краде на ангро, а ниту еден граѓанин не живее подобро.

Отварање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. На државен трошок се врабоуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година беше бетониран на нула, за разлика од сите земји во регионов и Европа, кои ја искористија поволната економска клима. Задолжувањето го проби плафонот, а капитални инвестии нема ни за лек.

СДСМ и ДУИ ја окупираа владата и институциите, но правда за семејствата на егзекутираните момчиња кај Смилковско езеро нема.

Просечната плата наместо да биде 30.000 денари, оди надолу. Нема 100.000 денари за докторите, ниту повисоки пензии за пензионерите. Нема изградба на ниту еден километар од ветените 600 километри автопат. Градежништвото тоне, но затоа се плаќаат музиканти да свират по тунели изградени во време на ВМРО ДПМНЕ.

Затоа, пратеникот Талат Џафери го узурпира столчето предвидено за претседател на Собранието, става европски знаменца на неуставниот закон за двојазичност, а неговата ќерка го добива конкурсот за вработување во ЕЛЕМ.

Една година по настаните од 27 април, нема никаква истрага за политичкото насилство сторено врз Уставот. Се монтираат политички обвиненија и оперски пејачи се прогласуваат за терористи, а никој не прашува кој ја даде наредбата и зошто токму во време на протестите беше донесена одлука да се реализира неуставниот избор за претседател на Собранието? Никој не спроведува истрага кои се тие вооружени групи во Чаир и во околината на Скопје, кои биле подготвени да тргнат кон Собранието? Под чија команда биле? Дали имале намера да пукаат во насобраните граѓани? Дали непостапувањето на институциите против нив, значи дека некој сеуште сака да ги има под контрола и да ги повика на оружје доколку почуствува потреба?“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?