А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Единствена мерка што СДСМ ја спроведе за младите е нивното трајно иселување од Македонија

by А1он25/01/2020 - 11:24133
Share0

„Единствена мерка што СДСМ ја спроведе за младите е нивното трајно иселување од Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во 2019 година се иселиле над 10.000 млади лица од нашата држава, и тоа поради лошите политики на оваа власт.

Нема нови инвестиции, нема отворени нови работни места, но затоа има уништен образовен, спортски и културен систем во државата од страна на оваа криминална влада.

Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80 % во одредени региони од државата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Никој не ги принудуваше со сила Зоран Заев и неговите функционери од СДСМ да ветуваат на младите проекти кои што нема да ги исполнат.

Владата на СДСМ три години не може да ја заврши ветената реконструкција на Студентскиот Дом „Гоце Делчев“, која што беше започната од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ вети студентски град, но се уште нема трага од него.

Младинската гаранција ја нема што ја ветуваа пред избори. СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу.

Младите ќе го казнат СДСМ на 12-ти април. Младите на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев никогаш повеќе. А, така ќе започне и обновата на Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 13:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 11:58

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 09:12

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 13:21

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он28/09/2026 - 10:3828/09/2026 - 10:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео