ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од некрофилската политика на СДСМ

Од:

Во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ стои дека се згрозени од некрофилската политика на СДСМ и
неодговорниот однос на партијата со кој го загрозува здравјето на граѓаните.

„Денес функционери на СДСМ и млади активисти без соодветна заштита делеа пропаганден материјал на очиглед на целата јавност. Кај голем дел од истите немаше никаква заштита, а притоа директно ја зголемуваат опасноста од ширење на коронавирусот. На Заев не му е важно здравјето на граѓаните туку партиската фотелја. Ако пред еден месец делеа поткуп со пакети под палката на Вице Заев, денес тоа се маски, со што директно ги кршат препораките да нема групирање, но и законот кој забранува предвреме започната изборна кампања, што преставува кривично дело“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ директно го загрозува здравјето на граѓаните и прави кривично дело за предвреме започната кампања.

„Заев губи контрола ризикувајќи го здравјето на своите сопартијци, но и на граѓаните. Заев е спремен да гази по здравјето на граѓаните само за да се спаси од одговорност и да има потесен пораз. Срамно и неодговорно“, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он

Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

А1он