ВМРО-ДПМНЕ: Двоцифрената инфлација е заради неспособноста на СДСМ

Од:

Двоцифрената инфлација е заради неспособноста на СДСМ, народот тоне во сиромаштија заради Ковачевски.ДЗС објави дека инфлацијата во април е 10.5% во однос на април минатата година. Цените на основните продукти и услуги за една година се зголемени од 10% до над 50% велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во истиот период нема зголемување ниту на платите, ниту на пензиите. Народот е се посиромашен. Со лошите економски политики инфлацијата само може да расте. Со оваа влада државата е во опасност од економска катастрофа. СДСМ и ДУИ се причината за кризите во кои е западната државата и тие не можат да бидат решение. Потребни се предвремени парламентарни избори. По победата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие одговорна и посветена влада која ќе се насочи на заздравување на економијата се вели во соопштението од падртијата.

Би можело да ве интересира

Инфалцијата во март е 4,9 %

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски