ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се крие зад лажниот патриотизам

Од:

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и нејзините институции, па криј се зад лажниот патриотизам. Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар. Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентираат визијата. Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пљачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата.

Ако визијата им е да станат зелени пошто ги решиле сите етнички гласања па после прави зашто се за ЕУ без притоа да дадат еден проект за животна средина и една проевропска реформа, тогаш јака им е визијата. Поради визијата на ДУИ над 70 проценти од Албанците во државава живеат тешко и едвај поминуваат месец, работат макотрпно, а трудот не им се исплати додека овие од ДУИ со визијата се богатат екстремно.

И конечно, ако е визија тоа што ДУИ ги има во скут криминалците од врвот на СДС и ги уценува да не може да мрднат или кажат нешто нормално или да се спротивстават на тоа што врвот на ДУИ и го прави на земјава, тогаш е тоа е вистинска визија. Не треба човек да е генијалец за да ги сфати визионерските политики на ДУИ. Едноставни се како што едноставно и нивното делување, кради и ако гледаш ќе те фатат и се ќе излезе на виделина, протестирај, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект

ВРЕДИ се пофали дека оваа влада направила повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат