ВМРО-ДПМНЕ: Државните пари одат за тајните владини хонорарци, претседателот на СДММ и државниот колумнист Сарачини

Од:

„Заев со државни пари плаќа партиски функционери и квази независни колумнисти.

По излегувањето на списокот на тајни хонорарци видовме зошто Заев толку го криел. Наместо експерти и докажани личности во определена област Заев со државни пари го плаќа претседателот на СДММ.

Додека врсниците на Марко Михаиловски одат во странство затоа што младинската невработеност откако е Заев се зголемила за 10.000 лица, тој земал пари како хонорарец од влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Михаиловски зборувал за младински политики од удобната фотеља на Илинденска.

Со државни пари е платен и квази независниот колумнист – Петрит Сарачини, кој претпладне е владин службеник, а попладне е независен колумнист, активист и како ли уште не. Тој е се, само независен не. Вака Заев си ја купува медиумската и поддршката на социјалните мрежи, со парите на граѓаните.

Заев со државни пари ги плаќа и децата на неговите коалициони партнери. 40.000 денари месечно земал Дамир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски.

Тоа е рецептот на Заев. Со државни пари се плаќаат и партиски функционери и квази независни колумнисти и коалициони партнери. Се е за пари.

Овие и уште 56 други хонорарци ја чинат државата скоро 1 милион евра годишно, а во болниците немаме кислород, имаме недостаток на таблети, нема тестови, а вакцините никако да дојдат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски