ВМРО-ДПМНЕ: Државата е заробена, а институциите претворени во алатка на партискиот врв

Од:

„Хунтата ја уништи демократијата и правната држава. Државата е заробена, а институциите претворени во алатка на партискиот врв.

Судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда и правичност се страни поими за правосудниот систем под контрола на хунтата.

Правосудните органи се користат како средство за замолчување на слободномислечките граѓани, партиските опоненти и искрените патриоти. СДС во 21 век, среде Европа повторно ја оживеа инквизицијата, неосновано затворајќи го секој еден кој не се согласува со нивните политики.

Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата.

Неосновано е обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело. Хунтата тоа го знае, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори.

ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане. Потребно е национално помирување, а не поделби и леење зла крв во македонското општество.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека ова лудило на власта не престане.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај „Мавровка“;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања