ВМРО-ДПМНЕ: Дрога, пари и криминал се главна преокупација на власта на Заев, а не справување со корона кризата

Од:

„Зоран Заев, Венко Филипче и екипата се тотално неспособни да се справуваат со предизвиците кои ги носи епидемијата со коронавирусот.

Македонија достигна речиси 13 илјади заразени и над 500 починати лица, со што сме црни рекордери во регионот, па и во Европа по овие параметри на еден милион жители.

Дополнително и економијата тоне. За три месеци беше креиран нов долг од 1 милијарда евра, а притоа ниту успеавме да се справиме со здравствената криза, ниту успеавме да ја закрепнеме економијата. Заев ги потроши на предизборен поткуп и сега стасуваат сметките за ваквата неодговорност. Затоа му наметнуваат повисока сметка за струја на секое семејство за 7,5%, во што сме единствени во Европа. Затоа мистериозно пропаѓаат банки, за што исто така сме единствено во Европа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најстрашно од се е што немаат никаков план. Тоа најдобро се гледа во безидејноста кога се работи за нормализирањето на образовниот процес. Заев и неговата екипа наместо да понудат конкретни планови, нудат луди предлози да прескокне оваа учебна година и учениците да останат дома?!

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага 3 модули за спроведување на образовниот процес. Физичка настава може да има во средини каде што нема КОВИД-19 или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со преземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик.

Да имаше нормална, а не криминогена власт како таа на Заев која се интересира само за личното богатство, Македонија ќе имаше конкретни планови , мерки и успеси, не само во образованието, туку и во здравството и економијата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски