ВМРО-ДПМНЕ: Додека има недостаток на лекови, амбулантни возила и вакцини, директорите на ФЗОМ аздисуваат и купуваат луксузни возила

Од:

„Однародената власт на Заев наместо инвестиции во здравството парите ги троши за луксузни возила. Во време на економска, но пред се здравствена криза директорите на Фондот за здравствено осигурување купуваат две лимузини, односно едно возило од 82.600 евра и второ од 41.300 евра.

Бесрамно и бесчуствително. Здравството ни функционира со донации, а граѓаните се лекуваат преку собирање пари со смс пораки, ама затоа директорите назначени од Заев купуваат за лични удопства“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека во Македонија нема доволно амбулантни возила, власта набавува 45 службени возила за функционерите. Додека нема доволно лекови, инсулин и клексани по аптеките, власта аздисува со народни пари Додека се кубури со вакцини, функционерите од власта на Заев го трошат буџетот безмислосно.

Следниот пат кога граѓаните ќе видат апел за собирање на средства за лекување, или кога нема да можат да дојдат до лековите и терапијата , ќе се сетат дека директорите именувани од Заев парите ги потрошиле за нови возила и за луксуз.
Ова мора да престане“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски