ВМРО-ДПМНЕ: Директорите на јавните здравствени установи незаконски набавувале лекови

Од:

Претходната власт предводена од СДС и ДУИ го уништи здравството. Здравствените лица и пациентите се уништуваа додека СДС и ДУИ се грижеа за профит и местење тендери во здравството. Контролите направени од надлежните институции, меѓу кои и Фондот за здравство покажуваат низа на неправилности во работата на јавните здравствени институции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Контролите покажуваат дека при набавка на лекови кои не се на листа на лекови на ФЗО, а за кои треба согласност од министерот здравство, јавните здравствени установи не ја имале согласноста од Министерството за здравство. Тоа било случај во Здравствен дом, Гостивар; Здравствен дом, Струга; следните клиники во Скопје, Клиниката за државна кардиохирургија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за психијатрија, како и Клиничката болница, Тетово; Општата болница, Струга; Општата болница, Струмица и Општата болница со проширена дејност, Дебар.

Контролите покажуваат злоупотреби и во делот на дежурства. Истите покажуваат случаи во јавни здравствени установи каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство неосновано. Вакви неправилности имало на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје, Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, Клиниката за нефрологија во Скопје, Клиниката за психијатрија во Скопје, како и во Општата болница во Струмица.

СДС и ДУИ и во здравството се однесувале расипнички, не воделе грижа ниту за медицински персонал, ниту за пациенти, ниту домаќински се однесувале со средствата со кои располагаат. Одговорност ќе има за секое незаконско работење. За секоја злоупотреба, несоодветно трошење на парите на Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

ВМРО-ДПМНЕ: Заедништвото е нашата најголема сила

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски