ВМРО-ДПМНЕ: ДИК не смее да подлегне на притисоците на СДС

Од:

„Државната Изборна Комисија не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДС и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдум за мигрантите. Во спротивно претседателот на ДИК Чичаковски и сите членови кои ке гласаат за таква одлука кривично ќе одговараат. СДС ги контролира сите државни апарарти и се обидува на секој начин да го спречи демократското право за спроведувањето на референдум за прашањата кои ги засегаа граѓаните.

ДИК мора да ги распише референдумите во над 10 општини низ цела Македонија кои ги собраа потребните потписи за распишување референдум, на кои граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против населување на мигранти во нивната општина. Не смее да биде погазена вољата на граѓаните.

Граѓаните во огромен број застанаа против планот на владата на СДС за населување мигранти во нашата држава.

Граѓаните застанаа против мигрантите, против планот на СДС за населување на мигранти и против владата на СДС. Тие сакаат да го искористат своето демократско право и да гласаат на локалните референдуми. Но сепак најголемиот референдум за граѓаните ќе биде на 15 Октомвир кога сите заедно ќе застанеме против штетните политики на СДС. Заедно ќе ги поразиме овие штетни политики“, изјави Милош Милошевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“