ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност

Од:

Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност. Тој треба да каже едноставно дали лажел за да избегне служење воен рок, или е точна дијагнозата за негова трајна неспособност. Дезертерот Ковачевски со самиот факт што даваше контрадикторни изјави за овој скандал, отвори многу сомнежи. Јавноста слушна две верзии за неговото дезертерство, еднаш дека поради школување не служел војска, друг пат дека не служел војска поради хируршки интервенции, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Официјалната тапија пак вели дека има лекарско оправдание за трајна неспособност. Оттука доколку е се преставил како трајно неспособен за служење војска ќе треба ИТНО да се испита неговата деловна способност да врши премиерска функција. Се плашиме дека доколку има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, тогаш дезертерот Ковачевски може да донесе некоја погрешна одлука, да потпише погрешен документ или да има проблеми со расудувањето. Стравуваме дека токму трајната неспособност на премиерот е причината за апсолутната неспособност на владата поради која се наоѓаме во невидена енергетска и економска катастрофа. Сето ова ќе се разјасни доколку Судот покрене постапка за утврдување и евентуално одземање на деловната способност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски