ВМРО-ДПМНЕ: Деструкцијата на поттикнувачите резултираше со обид за атентат врз Никола Тодоров

Од:

„Вчера јавноста ги виде на дело резултатите од лагите, омразата и гневот кои СДС и инсталациите на Сорос во граѓанското општество со години свесно ги подгреваат против ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера деструкцијата на поттикнувачите, резултираше со обид за атентат врз Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и до вчерашен вицепремиер и министер за здравство.

СДС и соросовите платеници со години хистерично лажеа и спроведуваа хајка против Тодоров нарекувајќи го „масовен убиец“ и „министер за смрт“. СДС и соросовите платеници со години манипулираа и си поигруваа со чувствата на болните и нивните семејства. Безобразно и ниско поттикнуваа омраза, без никакви артументи. Исходот од ваквото срамно однесување го видовме. Бараа крв и малку недостасуваше да ја видат. Малку недостасуваше човечки живот да биде загубен, а две деца да останат сираци само заради деструкцијата што ја ширеа СДС и Сорос.

Оркестрираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери има за цел заплашување и елиминирање на единствената политичка партија во Република Македонија, која работи за национално единство и просперитет на сите граѓани на државата.

Обидот за убиство на Тодоров, како и подметнувањето на бомба во домот на Антонијо Милошоски и заканите по останатите функционери се кукавички акти кои ќе се помнат.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции во најкус можен рок да ги расчистат случаите и соодветно санкционираат сторителите, поттикнувачите, помагачите и нарачателите. На никој да не му паѓа на памет да сокрива или амнестира некого од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши ниту ќе се плаши од вакви и слични закани и секогаш ќе и служи на Република Македонија, без разлика колку тоа на некој и да не му се допаѓа.

СДС треба да знае дека власта е дадена на определено време. Одговорност ќе има за секое криминално дејствие и од тоа неможе да ги спаси никој.

СДС и нивните инсталации во разни невладини организации и медиумите под нивна контрола веднаш да престанат со сценариото за создавање на омраза, гнев и нетрпение, бидејќи за последиците од таквата деструктивност ќе бидат директно одговорни и пред граѓаните и пред законот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски