ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска го потврди непотизмот во Комисијата за полагање на правосуден испит

Од:

Целиот скандал кој што се поврзува со комисијата за полагање правосуден испит го призна самата Десковска. Непотизмот е потврден.
Тоа што министерката се правда со проценти, само говори дека работењето на целата власт на Заев се води од принципот на пазарџиство, проценти, покрај неспорната партизација и непотизам, реагираат со соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За Рената Десковска очигледно е малку што половина од членивте на комисијата ја сочинуваат партиски послушници и блиски роднини на функционери во СДСМ.

Да потсетиме кои се членовите на Комисијата за полагање на правосуден испит:

Антоанела Димовска, сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчeва

Љубомир Јовески, јавниот обвинител кој се поставува како адвокат на владините функционери.

Тања Милева, сопруга на членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев

пријателот на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наќе Георгиев, струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица

Александар Чичаковски, поранешен активист на СДСМ

Исмета Амет, која според пишувањата во медиумите е судијката што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, а нејзината ќерка беше активен член и на шарената “револуција”

адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво е едно од најчестите добитници на средства од државни и јавни институции под контрола на Заев за адвокатски услуги.

Токму заради тоа што Дескоска се прави дека нема спорно во ваквите имиња, народот ќе ги казни на 12 април за сите нивни прекршување на закони, етички и морални правила, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

„Седи кец“ – Рената Дескоска за Извештајот на Европската комисија

Лога: Рената Дескоска е лош пример на министер за правда

Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска, очекувам Уставен суд да го укине Упатството за матични книги

Орце Костов

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски