ВМРО-ДПМНЕ: Десетици учесници во настаните од 27-ми април неосновано се ставени во притвор

Од:

„Правосудството е под јаремот на СДСМ. Судовите надвор од правната логика ги одложуваат рочиштата на Заев и за повеќе од еден месец, додека експресно процесуираат предмети против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. Додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи.

Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември.

Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага неоткриена категорија.

Прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин.

Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус