ВМРО-ДПМНЕ денес на конвенција избира партиски кандидат за претседател

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски избори во Македонија. Од опозициската патија преку соопштение влеат дека тие преку транспарентен и демократски процес внатре во партијата, овозможуваат да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење граѓаните и ќе работи во согласност на Уставот и законите и во полза на сите граѓани на Македонија.

„Република Македонија мора да застане на здрави нозе. Со СДСМ државата секојдневно тоне, имаме уназадување во секој сегмент од општеството. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ на Конвенцијата поаѓа од тоа дека треба да се избере кандидатот кој ќе ги штити интересите на Република Македонија. Нашата заедничка цел е Република Македонија.

Затоа потребно е лидерство кое ќе гарантира сигурност, заштита на државните и национални интереси, ќе гарантира правна држава и почитување на Уставот и законот и ќе обезбеди напредна, силна и честита Македонија.

Република Македонија повеќе не смее да тоне, затоа со победата на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го најави почетокот на крајот на оваа власт“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Делегатите  ќе избираат меѓу деветмината кандидати, кои се пријавија на партискиот конкурс. Во изборот за претседателската кандидатура ќе се натпреваруваат Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов,Ѓорѓи Манасков. Кандидатите ќе имаат по 15 минути можност да ја претстават својата визија пред делегатите, а потоа предвидено е да се премине на гласање.

За избран кандидат, според деловникот на партијата, се смета оној кој добил најмногу гласови, но не помалку од една третина од вкупниот број делегати, односно од вкупно 551 делегат. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број или кандидатите добијат ист број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати, кои добиле најмногу гласови на првото гласање, при што за избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови на повтореното гласање.

Од партијата додаваа дека Заев ја обесчестил Македонија симнувајќи го написот на влезот во Владата. „Се менуваат таблите на граничните премини и целосно се брише институционалниот идентитет. Имињата ги менуваат и Народната банка и министерствата. Заев ги продаде највисоките национални интереси.

Во државата владее целосен хаос. Се вработуваат само деца, брачни партнери и роднини на послушниците на Заев. Непотизмот и корупцијата го достигнуваат максимумот. Парите на граѓаните се ограбуваат безмилосно преку сомнителни набавки и тендери. Власта се луксузира, а народот осиромашува.

Граѓаните и државата ја плаќаат цената на лагите на Зоран Заев. Ова уништување на државата мора да запре, а првиот чекор се претстојните претседателски избори“, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов