ВМРО-ДПМНЕ: Денес граѓаните ќе дознаат кои се кризните профитери во Македонија

Од:

„Користејќи ги кризните состојби во државата, лица од власта на анти македонската СДС краделе од парите на граѓаните. Во Македонија дневно затвораат по 10тина бизниси и на улица, без работа остануваат 100-тина луѓе, а некои преку криминални тендери и со пари на граѓаните се богатат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Клептоманите од СДС не мислеле, и не работеле за излез од енергетската криза, туку работеле за личен профит. На фирми на високи функционери од власта им вртело електричното броило за богатење.

Аферата „Броило“ која ќе ја објавиме денес на прес конференција ќе ја открие вистината, за тоа кои фирми и кои функционери од анти македонската СДС се богателе на грбот на граѓаните.

Ова афера ќе ги открие кризните профитери. Додека стопанството тоне, граѓаните не знаат како да ги платат високите сметки на електрична енергија, кризните профитери енермно се богателе.

Скандалот Броило ќе ги разоткрие бизнис шемите за богатење на клептоманите од СДС, и исто така ќе покаже зашто оваа власт грчевито се бори за продолжување на кризната состојба во енергетиката“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите