ВМРО-ДПМНЕ: Дамева од судски приправник преку фотка со Заев до прв човек на Судскиот совет – партизирањето пуштено на најјако

Од:

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е показател за партизирањето на судството во Македонија кое го прави власта на СДС и ДУИ. Што би рекле граѓаните „партизирањето пуштено на најјако“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Без ден искуство како судија таа прво беше избрана за член, а сега дојде до позиција претседател на совет, кој ќе оценува и избира основни, апелациони и врховни судии. Судски приправник како Дамева да догура до вака висока позиција во судството е како болничар да стане неврохирург и без било какво образование и искуство да влезе на операција. Ваквите црпнати и насадени кадри во судството се причината зошто граѓаните немаат доверба и зошто корупцијата и криминалот на власта цветаат. Исто како и изборот на Ислам Абази така и изборот на Дамева се класичен партиско политички договор на владејачките партнери. Тие дури и запазиле во текот на изборот лицата да имаат фотографии со врвните партиски фигури од двете партии како врвна препорака за функцијата. Ова ако им е критериумот, тогаш очигледно строго го почитувале. Да биде уште потрагично за Дамева ваквата фотографија со Заев не била ништо спорно. Тоа го покажува капацитетот и моралниот интегритет на една особа која од партиската правна комисија на СДС брзопотезно стана претседател на Судскиот совет. Вакви залутани ликови во правосудството треба час поскоро да си заминат. Време е да понесат одговорност сите оние кои преку партиски нарачки дојдоа на функции да го штитат криминалот на власта се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања