ВМРО-ДПМНЕ: Дали притворот на Камчев е за да не се дознае каде завршиле парите од Рекетот кои треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев?

Од:

Oпозицијата прашува дали притворот на бизнисменот, Орце Камчев е за да не се дознае каде завршиле парите од „Рекет“, односно да не се бараат кај премиерот Зоран Заев и Вице Заев.

„Првоосудениот во Рекет Бојан Јовановски јавно посочи дека милионот на Камчев од изнудениот рекет треба да се бара кај Зоран и Вице Заеви. Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за Рекет?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од Рекет?! Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојам Јовановски – Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?! Прикрива ли Заев траги со апсењето на Камчев и кој е планот на врвот на власта за забошотување на криминалите во своите редови? Дали откако беа фатени во обид за лапање провизија од вакцините, мора и да дефокусираат јавност?!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека времето е се пократко, а Заев ќе мора да одговори – каде се парите од Рекет?!

„Врвот на октоподот е Зоран Заев, а вистината ќе излезе на виделина. Колку и да се обидуваат да сокријат, бегање од правдата нема да има“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски