ВМРО-ДПМНЕ: Дали министри преку ред се вакцинирале додека народот умира од корона

Од:

„Додека секој ден има по неколку десеттина починати од корона, Венко Филипче крие кој се се вакцинирал и дали се вакцинирале владини функционери преку ред.

Во вчерашната статистика на починати имаше и лице со само 23 години. И тоа не е само бројка, тоа се лица чии семејства се завиени во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вакцини нема, медикаменти нема, како тргнало граѓаните ќе заглават во болничките ходници, ако воопшто стигнат и до истите.

Во момент кога вакцинацијата прекинува, затоа што имаше само незначителни дози на вакцини, се шири сомнеж дека вакцини примиле функционери, примиле лица кои не биле приоритет.

Водени од фактот дека национален интерес во овој момент е справувањето со Ковид-19 и обезбедувањето на вакцини, бараме веднаш надлежните и Венко Филипче да одговорат дали се точни информациите дека и малиот број обезбедени вакцини се злоупотребуваат.

Веднаш да се даде одговор на јавноста, дали некој функционер го земал местото за вакцинација на некое медицинско лице на кое му е неопходна затоа што се грижи за сите граѓани, без разлика дали се суспектни на КОВИД–19 или заразени со вирусот.

Само со објавување на списоците на вакцинирани ќе се тргнат сите сомнежи за и онака катастрофалниот вакцинален процес. Венко Филипче, секако, ќе одговара за катастрофата што им се случува на граѓаните, а е предизвикана од последиците на корона кризата!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски