ВМРО-ДПМНЕ: Дали избеганиот пријател на Заеви, Чифлигароски од „СВ Инвест“ должи кон државата 2,5 милиони евра даноци?

Од:

„Постојат најмалку 250 илјади причини обвинителството да се разбуди и да го испита случајот рекет во РЕК Битола, а ако добро прочепкаат можеби ќе излезат милиони причини за отворање на случај.

Фирмата „СВ Инвест“ која е клучна во овој случај, а која важи за многу блиска до Вице Заев, отвора мистериозно брзо стечајна постапка, извесно време откако е спомената во пријавата до МВР за изнуда на 250 илјади евра“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторно прашуваме дали сопственикот на оваа фирма, лицето Столе Чифлигароски, исто така близок до Вице Заев, во меѓувреме ја напуштил државата и дали останал должен кон државата речиси 2,5 милиони евра даноци?

Потсетуваме дека оваа компанија и нејзиниот сопственик беа посочени од страна на фирмата која го пријавила случајот за изнуда како чинителот на кој треба да му се отстапи дел од бизнисот или на која треба да и бидат уплатени 250 илјади евра, доколку изнудуваната фирма сака да продолжи да работи во РЕК Битола. Во оваа пријава се споменуваат и тогашниот директорот Ковачевски, Вице и Хотелот „Парк“ во Струмица.

Тоа што некој се обидува од самиот почеток да ја забошотува истрагата, да фалсификува изјави е само причина плус обвинителството да се одважат и да го процесуираат сериозниот криминал на власта.

Очигледно оваа власт е до гуша заглавена во корупција и тоа ја уништува Македонија.

4 години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски